Откако ги истраживме Инстаграм профилите кои се однесуваа на реалниот стил на парижаните и римјаните, заминуваме за Лондон за да го погледнеме модниот стил на лондончаните преку @londonersinlondon_. Ако во Париз и Рим преовладува посмирен стил базиран на квалитетна едноставна облека и добри дизајнерски модни додатоци, во Лондон модата се сведува на еклектизам, шаренило, бои, необични форми, микс на референци, славење на мултикултуралноста на градот. Искреноста во стилот повторно се враќа во мода, оној личен и неизвештачен израз, па оттаму ваквите Инстаграм профили почнаа да се раѓаат и популаризираат.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари