Популарни во 80-тите години од минатиот век, хеланките со растегливи ленти на стaпалата поворно се во мода и претендираат да станат клучен дел од секојдневното облекување. Овој ретро стил уште во 2016 се појави во колекција на Баленсијага, во последниве сезони е дел од уличната мода и одредени дизајнерски колекции, а се чини ќе биде актуелен и оваа пролет. Модните трендови кои доминираа во 80-тите, се враќаат во сегашното време, исклучок не се и хеланките и панталоните со лента. Се носат со класични салонки (толку многу 80’s), во новите верзии имаат висок струк и се комбинираат со мантили или пролетни сакоа, широки џемпери или тесни кроп-блузи, ниски мокасини или балетанки.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Нема коментари