По организација на изборот на најдобри летни и зимски фотографии на „Инстаграм“, ОNE ја продолжува потрагата по најинтересни објави на оваа социјална мрежа, овој пат со изборот за најуспешниот колажи со тагот #СекадеЗаедно. За време на конкурсот, секој учесник треба да сподели фото-колаж на својот „Инстаграм“,- профил со задолжително користење на тагот #СекадеЗаедно во описот на фотографијата. Сите фотографии кои ќе бидат колаж од најмалку две слики ќе влезат во потесниот избор за награда по циклуси и главната награда. Организаторот секој циклус прогласува еден награден фото-колаж.
Право на учество во конкурсот имаат сите државјани на Република Македонија кои се корисници на социјалната мрежа „Инстаграм“, освен организаторот, неговите вработени и партнери, како и членовите на нивните потесни семејства. Со самото учество во конкурсот, натпреварувачите се согласуваат и ги прифаќаат поставените правила од организаторот.
Во конкурсот ќе можат да учествувуваат само фото-колажи сликани исклучиво со мобилен телефон, споделени со „Инстаграм“ со употреба на достапните филтри во самата апликација и содветна апликација за креирање фото-колажи. Фотографиите мора да бидат исклучиво лично дело и не смеат да бидат преземени од други автори или од интернет. Сите фотографии треба да бидат во согласност со правилата на користење и објавување на самиот сервис „Инстаграм“.
По завршување на конкурсотот жири комисија прави селекција од сите пријавени фото-колажи на конкурсот кои ги почитуваат поставените правила. Финалните избрани 20 фото-колажи ќе бидат ставени на гласање на официјалната Facebook страница на организаторот. Секој фан на Facebook страницата на организаторот ќе може да гласа за своите омилени фото-колажи од 16 август до 6 септември, 2014. Жирито е во состав: Небојша Гелевски (@banekoma) – победник на #letogram, Мила Атковска (@temjanika) – фотограф и Душан Марковиќ (@onemkd) – претставник на ONE. Организаторот во три циклуси ќе прави селекција на фотографии кои ги почитуваат правилата на конкурсот и на Instagram. Од селектираните фотографии жири комисијата ќе се избере еден добитник во секој циклус. По завршување на конкурсот жири комисија избира 20 фотографии од кои фановите на Facebook страницата на организаторот ќе го изберат победникот. Организаторот го задржува правото да ги побара оригиналните фотографии доколку се сомнева во веродостојноста на фото-колажот. Секоја фотографија кои не се во согласност со правилата на организаторот и на сервисот Instagram нема да влезат во изборот за наградените.
Наградените фотографии ќе бидат прогласени во рок од 24 часа по завршување на секој циклус на конкурсотот, на официјалните профили на организаторот на Instagram, Twitter и Facebook. Победничката фотографија според гласовите на фановите на Facebook страницата на организаторот ќе биде прогласена на организирана изложба со дел од сите пријавени фотографии. Точната локација и денот на изложба ќе бидат дополнително објавени. Со учество на конкурсот, учесниците доделуваат согласност и дозвола на организаторот да ги користи и објавува нивните имиња и слики на социјалните мрежи, во печатени, аудио и видео промотивни материјали за целите на конкурсот, без право на надомест. Во случај на спор помеѓу организаторите и учесниците во наградниот конкурс, истиот ќе биде решен во согласност со важечките закони во Р. Македонија и пред надлежниот суд. Наградниот конкурс може да се прекине пред неговото завршување само во случај на околности за кои организаторот не е одговорен, односно околности кои не можело да се спречат, отстранат или избегнат. Во таков случај, учесниците за прекинот на конкурсот ќе бидат известени на официјалната профили на социјалните мрежи на организаторот
Нема коментари