Блогерката Блер Иди важи за една од највлијателните во светот на модата и една од оние кои имаат „страст за мода“. Модната кариера ја почнала во продажба и маркетинг во неколку американски модни брендови, во 2010 година го ласнирала својот блог Atlantic Pacific, а од крајот на 2016 посветена е само на водењето на блогот и се промовира и како моден дизајнер.
Блер важи за модна инспирација, а е доста популарна и на нашата сцена. Препознатлива е по употребата на јаки бои, а својот стил го опишува како „необичен, женствен и доста колоритен. „Се обидувам да ја поттикнувам елеганцијата, но исто така сакам непредвидливост и кршење на правилата. Сакам мојот стил да биде забавен и „приступачен“, но исто така сакам екстраваганција и драматичност“, вели таа.
View this post on Instagram
<back at it ❤️> after getting a few stitches to the foot I am finally able to wear heels…kind of #pinkandred #colorblocked #petersyn A post shared by Blair Eadie / Atlantic-Pacific (@blaireadiebee) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари