Нема сомнеж дека белиот фустан е најдобриот моден пријател на летото. Лесен, со едноставен крој и со тенки прерамки, за на плажа или за прошетка, белиот фустан e безврменско модно парче за во лето и најдобро одговара со малку потемнет тен. На Инстаграм најдовме неколку стајлизни од стилските ѕвезди како Пернил Тејсбек и Линда Тол, кои избраа бели фустани, модели од сатен, креации што можат да се носат за дневна прошетка или за вечера во некој ресторан на отворено.
Нема коментари