Инстаграм не е платформа на која модно се изразуваат само младите и тинејџерите, на оваа мрежа делуваат повеќе жени на возраст над 50 години, кои се издвојуваат со својот личен стил и слободно можеме да ги наречеме инспирација.
МЕЈ МАСК (72)
Поранешна манекенка, сега нутриционистка, ама позната и како мајка на Илон Маск, Меј на 72-годишна возраст продолжува да се фотографира за модни списанија и кампањи, уште ја сака модата, па споделува стилски совети и бјути туторијали на Инстаграм и на ТикТок. Неодамна направи фотосесија за Harper’s Bazaar во футуристички стил, која алудира на компанијата на Илон, Space X, која што изведува вселенски летови.
View this post on Instagram
I’m so ready for my next flight.✈️ . . @harpersbazaarus @jameswhitefoto There was no air in the helmet, so I would tap it when it was difficult to breathe. The helmet would be removed so I could take a few breaths, then put on again. #ModelProblems #AWomanMakesAPlan #ItsGreatToBe72 A post shared by Maye Musk (@mayemusk) on
ЛИНДА РОДИН (72)
И Линда како Меј е поранешна манекенка и денес споделува модни приказни на своите следбеници на Инсраграм. Работела и како стилист, а на 58-годишна возраст ја ласнирала својаа козметика компанија Rodin. О да, инспирирана од своето куче Винкс, продава и ремчиња и додатоци за кучиња.
View this post on Instagram
We’re back in the swing for 2019. Come visit us at lindaandwinks.com. And wishing everyone a very Happy New Year. photo @imagista. Vintage Levi’s 501 A post shared by Linda Rodin. (@lindaandwinks) on
ГРИС ГАНЕМ (55)
Оваа поранешна фитнес инструкторка од Монтреал, Vogue ја нарекува новата безвременска модна икона на Инстаграм. Препознатлива по седата коса обликубвана во боб, Грис мајсторки ги носи новите трендови.
ЛИН СЛЕЈТЕР (66)
Лин е од Њујорк и „случајно стана стилска икона“, а така своевремено го крсти и својот блог – Accidental Icon (случајна икона). Денес вели дека нејзиниот успех во модата не е повеќе случаен, а на Инстаграм им споделува совети како зрелите жените да се облекуваат интересно и со вкус.
View this post on Instagram
Here I come. #dinner #currentsituation #vacation #cruising A post shared by Accidental Icon (@iconaccidental) on
Нема коментари