Јаки бои, комплетно бел изглед, секси трудници и уште неколку комбинации на познатите кои се вредни за инспирација
Лесли Ман во оваа колор-блок комбинација од дизајнерката Моник Лулие изгледа свежо и ведро. Контрасните бои во горниот и долниот дел зборуваат за смелост, голиот стомак за следење на актуелните трендови, а фризурата, шминката и дречливите сандали за совршено склопен стајлинг
Поради секси облините на Кејт Аптон добро и стојат ваквов модел на фустан кој ги истакнува нејзините нозе и го насочува погледот на нејзиното лице. Креацијата е на Долче и Габана, а комбинацијата е за пофалба најмногу поради соодветниот фитинг и раскошната текстура на фустанот
Актерката Меги Грејс покажува одличен пример како се носи бела комбинација оваа сезона – облека со чисти линии и минималистички стил (во случајов тоа е креација на Кауфман Франко), стилизирана со златен ремен и чевли во дречливо жолта боја
Лејк Бел е една од жените што бираат смели и модерни комбинации и кога се бремени. Наместо широка и неугледна облека, таа избра комбинезон од Стела Макартни во темно бордо боја, кој не само што и’ го отцртува телотот туку има и гол грб
Ема Вотсон изгледа убаво во оваа розова комбинација од Нарцисо Родригез. Актерката во последно време често на листите на најдобо облечени и најчесто бира посекси комбинации, но овојпат се одлучи за понежна варијанта
Нема коментари