На црвениот килим речиси е безгрешна, секогаш со внимателно избрани тоалети што прилегаат на нејзината конструкција и имиџ, а тоа се пресликува и во нејзиниот секојдневен изглед, приватно. Русокосата актерка Рис Витерспун често е мета на папараците, и тоа не заради нејзино скандалозно однесување, туку заради секогаш трендовскиот, елегантен и инспиративен моден стил. Таа редовно ги полни страниците и објавите за мода во магазините и сајтовите.
Триесет и осугодишната мајка на три деца никогаш не можете да ја видите сомасна коса и кожа, со парталава случајно избрана облека исо неушени комбинации. Дури и во моментите кога не очекува да биде „уловена“ од фотоапаратите таа има одлични комбинации. Тие пред сè се женствени, стајлипш и со отмена нота, што може да го постигне само самоуверена модерна жена.
Вез разлика дали оди на прошетка со свите деца и сопруг, во шопинг, или на бизнис-состанок, таа секогаш носи некое must have сезонско парче, искомбинирано со соодветни чевли, чанта, накит, очила, а често и шапка. Направивме избор од 12 ралични стајлинзи што Рис ги носеше ова лето, кои може да го инспирираат вашиот изглед за на работа, за дневна прошетка или за на кафе со пријателите. Запомнете да ставите личен печат во секоја од комбинациите, како то тоа го прави Витерспун и не забораајте да вдахнете женственост о комплетниот имиџ. На крајот од објавата се и два стајлинга што самата актерка ги сподели на својот профил на инстаграм, што исто така може да влијаат на кежуал имиџот на секоја модерна дама.
Нема коментари