Веќе подолго време Оливија Палермо важи за пример на девојка со стил и стилска ѕвезда која што со леснотија комбинира трендовска облека, парчиња од брендовите со достапна цена и безвременски класици. Смело, но не и премногу нападно, одмерено, но не и досадно, Оливија ни е инспиравија и со последните нејзини стајлизни забележани за време на модните недели во Милано и Њујорк. Таа вниматело бира изглед соодветен со изразот на дизајнерот чија ревија посетува, изгледа секогаш софистицирано и со правилно комбинирани парчиња, и знае да вметне некој непредвидлив момент како на пример ниски чевли наместо потпетици или да го акцентира стајлингот со парче во впелатлива боја.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари