Улиците на Париз за време на неделата на машка мода се документ дека генијални машки комбинации постојат и надвор од модната писта. Париските улици овој јануари беа богат извор на ексцентрични изгледи кои нудат преглед и инспирација преку неколку микротрендови – капути и јакни во боја, видливи логоа за нова иронична логоманија, преголеми бомбер јакни, спортски стил преку дуксери со капуљача, капути со необичен крој, сноуборд-стил, предимензионирани шалови, модни парчиња со графички мотиви и написи.
Нема коментари