Од спореден модел во повеќеслојните комбинации, оваа сезона ролката прераснува во едно од носечките парчиња. Без разлика дали ја носите како основа – во црна, крем или бела боја, дали се среќава кај фустан, џемпер или елек, таа оддава впечаток на висок моден вкус и сенс за трендовите.
Секогаш еден чекор пред другите, дизајнерката Викторија Бекам уште пред почетокот на сазоната ја најде удобната, практичната и модна страна на ролката. Во повеќе прилики, на улиците на Њујорк се појави во стајлиш комбинации со ролка, кои може да бидат инспирација за секојдневните варијанти, за на кафе, за прошетка, шопинг, за на работа, на бизнис состанок, и за вечерни изгледувања. Ја видовме во фустан-ролка, базичен спој со фармерки или со темносини и црни панталони. Посебно интересни се комбинациите со панталони со машки крој. Едноставните, но впечатливи аутфити се заокружени со чанта под лакт, минималистички накит и трендовски чизми и чевли.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари