Дизајнерот на чевли Кристијан Лубутан претстави периодов неколку нови соработки и колекции, како бебешка линија и модели за Goop на Гвинет Палтроу, но највпечатливи се чевлите инспирирани од Индија. Во чест на 25-от јубилеј на неговиот бренд Лубутан одлучи да креира ексклузивна колекција заедно со индискиот haute couture дизајнер Дабјасачи Мукхерџи, кој е исто така е омилен кај боливудските ѕвезди. Колекцијата содржи 15 пара женски и 4 пара машки обувки, креирани со помош на сари материјали, украси и ленти пронајдени во ателјето на Мукхерџи. Парчињата се различни остатоци од материјалите со кои се правени креациите на Мукхерџи, што пак чевлите ги прави уникатни.
-Чувството на индиската мода е неспоредлива. Она што ќе го видите во Индија, нема да го најдете на ниту едно друго место во светот. Желба ми е светот надвор од Индија да ја види и засака оваа убавина, токму како јас – изјави дизајнерот Лубутан за инспирацијата на новите чевли.
Нема коментари