Откако се збогувавме со величини како Дејвид Боуви, Принс, Леонард Коен…оваа 2016 година светот изгуби уште една музичка икона – Џорџ Мајкл. Британскиот поп-пејач починал мирно на 53 годишна возраст во својот дом во Оксфордшир. Од полицијата соопштиле дека немало сомнителни околности како причина за неговата смрт, а неговиот менаџер изјавил дека пејачот имал срцева слабост. Иронично, авторот и изведуваш на една од најубавите божиќни песни Last Christmas, почина токму на Божиќ (25 декември).
Роден е на 25 јуни 1963 година во Лондон. Светска слава стекна со поп-дуото Wham! во 80-тите години. Беше препознатлив по своите пост-диско и денс-поп нумери како Wake Me Up Before You Go-Go, Careless Whisper, Freedom! ’90, Jesus to a Child… Важи за еден од најпродаваните британски музичари, со над 100 милиони плочи. Со Wham! објави четири плочи, а за време на својата соло-кариера, која траеше од 1986 година објави усште деветм од кои последниот беше издаден 2014 година. Мајкл најави дека се снима втор документарец за неговиот живот, кој треба да биде промовиран во март 2017 година.
Покрај музичкиот стил, беше препознатлив и по својот трендсетерски имиџ. Во 80-тите години беше познат по смелите стајлизни со куси шорцеви, широки маици, и лелеава шатирана коса. Во подоцнежните години , речиси без икслучок на јавните настапи се појавуваше во костуми. Во модниот свет се памети и по својот можеби најдобар моден спот, за песната Freedom!, во кој се појавуваат најдобрите топ-модели од 90-тите, Линда Евангелиста, Синди Крафорд, Наоми Кембел, Кристи Тарлинготн и Татјана Патиц.
Во текот на целата божиќна ноќ и утрово не стивнаа реакациите и емотивните објави на социјалните медиуми од негови блиски пријатели, соработници, но и фановите. Ендру Риџли, неговиот колега од групата Wham! напиша на Twitter,: „Срцето ми е скршено по загубата на мојот сакај пријател Џог. Јас , неговите сакани, пријателите и музичкиот свет и целиот свет. Засекогаш ќе го сакаме.“
Елтон Џон, на својот профил на Instagram кажа:„Во голем шок сум, Загубив сакан пријател, -најдобриот, најдарежлив и брилијантен уметник. Моето срце е со неговото сеејство и неговите обожаватели.
Нема коментари