Легендарниот супермодел Иман, како да не старее. Одушевува со својот атрактивен изглед и топ-форма и на 58 години. Таа блесна на насловната страница на шпанскиот неделник S Moda. На фотосесијата, која ја сними Макс Абадијан, манекенката се појавува во креации што ја откриваат нејзината одлична линија. Носи модели од „Долче и Габана“, АФ Вандерворст и Ерве Леже. Модниот уредник Чабела Гарсија избра за Иман креации со нагласени принтови, драматични фустани и луксузно крзно. Шминката е на Валенте Фрезиер, а фризурата на Чак Амос.
Нема коментари