Британската актерка Тилда Свинтон е новото заштитно лице на козметичкиот бренд Nars. Платинестата 53-годишна ѕвезда со необичен андроген, скоро вонземски изглед е изборот на шминкерот Франсоа Нарс за кампањата на неговиот бренд за пролет 2015. Нарс самиот ја фотогрфираше Свинтон која ја што нарекува „жива легенда“ и „совршен избор“ за неговата реклама. „Како фотограф, работа со една актерка како Тилда е пријатно искуство. Таа е жива легенда. Јас го сакам нејзиниот храбар стил и навистинаѝ се восхитувам нејзината работа. Како актерка, таа е олицетворение на силна личност пред камерата, а како жена, таа живее на искуството на трансформација и изразување“, изјави Франсоа во врска со ангажирањето на Тилда. Тилда Свинтон можеби не е симбол на женственост и класична убавина, но има нешто толку многу привлечно и магнетско во нејзината појава. Зрачи со отменост и поседува исклучително прочистна мисла за личен моден стил. Докажува дека без разлика на годините и на правилата за женско облекување (китење и шминкање) може да изгледа шик и безвременски. Нејзиниот моден стил е смел, а најчесто ги преферира слоевитите дизајни на нејзиниот пријател, дизајнерт Хајдер Акерман. Ги сака и креациите на „Ланвин“, „Селин“ и на „Џил Сандер“. Но, може да ја видите и во креации на „Шанел“, бренд кој претставува епитом на класичниот женски стил, но секогаш ги интерпретира на свој начин. Таа дури и позираше во една кампања на „Шанел“ во 2013 година пред објективот на Карл Лагерфелд.
Како ретко кој друг Тилда успешно манипулира со машко-женските форми во облеката. Модните фотографи, музичарите и стилистие обожаваат да соработуваат со неа, а модните едиторијали и видео спотовите во кои учествува само го надополнуваат нејзиниот богат спектар на трансформации. Таа го редефинира андрогениот стил, како во своите филмови „Орландо“ и „Мајкл Клејтон“, така и во приватниот живот и личниот стил. Смела, футуристична, своја, надреална, бзвременска и беспросторна, Свинтон е една од најинспиративните личност на новото време. (К.Т.)
Нема коментари