Познатата руска модна уредничка и основачка на модниот концепт Büro 24/7, Мирослава Дума, редовно ги посетува светските модни настани и ревиите на модните недели. Деновиве додека траеше Париската модна недела Мира привлекуваше внимание со својот стилски избор. Иновативна и инспиративна, таа ги носи дизајнерските парчиња на свој начин, поради што се смета за ѕвезда на уличната мода, а во Париз ја прошета и новата фризура со шишки. Иако е ситна и ниска, успева да изгледа добро и во модели со волумен, а секогаш вметнува парчиња во интензивни бои. Еве селекција од модните комбинации што Мирослава ги носее на ревиите на „Шанел“, „Ланвин“, „Диор“, „Рошас“, на модните забави, но и на фотографии забележани од ловците на улична мода.
Нема коментари