Кога пред осум години ја превземала работата на концептуалната продавница наречена You You Store во центарот на Торино, Италијанката Елеонора Каризи наишла на отпор и неразбирање за тоа што сакала да го постигне со овој простор. Но упорноста и тенденцијата да направи урбано студио, кое што ќе дише во духот на современата мода, брзо била прифатена и продавницата доживеала транформација како пеперутка. Оваа девојка, која модата ја доживува како забава 24/7, неколку години подоцна го основа познатиот блог JouJouVilleroy. Блогот се претвори во сериозен сведок на модните случувања во Италија и секаде каде што патува Каризи.
Позната по својот уникатен микс на ретро и модерен стил, таа е една една од најинтересните девојки -дел од високото друштво на трендетери во уличната мода, миленичка на блогерите како The Sartorialist, TommyTon и Street Peeper. Нејзниот стил вклучива парчиња од 40-тите и 50-тите години, споени со современи дизјнерски модели. Во својот секојдневен имиџ ( кој по многу нешта не е секојдневен) вметнува креации што ги купува во винтиџ-продавниците, парчиња позајмени од нејзината мајка , но секако, фанатик е и по нови дизајнерски модели. Оваа шармантна девојка е препознатлива по своите тетоважи, бенката над усните и косата, која речиси секогаш е фенирана во стилот на дивите од златната доба на Холивуд, и која долго време беше бојадисана со омбре техниката.
Таа е една од најфотографираните за време на Модната недела во Милано, и ИТ девојката на италијанска Grazia. Има соработувано со повеќе модни брендови како Diesel, Pennyblack, Galeries Lafayette, а стана заштитно лице на „Манго“. Се појави како модел и стилистка на кампањата на Jimmy Choo – 24:7, како и за капсулната колекција под етикетата на Роберто Кавали, I LOCK YOUR LOVE. И самата се има пробано како дизајнерка за својата продавница, креирајќи ја линијата What’s Inside You, која содржи романчини парчиња облека.
Нема коментари