Облечена во креации на „Родарте“ и Maison Margiela и со кратка коса, Дина Абдулазиз е далеку од вообичаената претстава за принцеза од Саудиска Арабија. Омилена меѓу дизајнерите и тивка ѕвезда на уличната мода, Дина со сопругот, принцот Абдулазиз бин Насер бин Абдулазиз ал-Сауд, долго време живееше во Њујорк, но во последнава деценија се во Ријад. Како сопственичка на концептуалните бутици D’NA во Ријад и Доха ги диктира трендовите на Среден Исток, а својата појава и вродениот стил, претставува инспирација не само за современите арапски жени, туку и за сите вљубеници во модата.
Во однос на личниот стил, освен кратката коса, малку веројатно дека Дина ќе ги вознемири западните приврзаници на патријахалното општество. Таа носи панталони и здолништа, често тоа се широки панталони, волуменозни сакоа и палта, како и класични женствени чевли. Ни никогаш нема да ја видите во кратки фустани или длабоко деколте. Таа можеби не е во првите редови на активистките кои се борат за правата на жените во Саудиска Арабија, но веројатно самото постоење на ваква модерна еманципирана принцеза пред очите на светот прави многу повеќе за феминистичкото движење во нејзината земја отколку некои политички говори.
Нема коментари