Модната дизајнерка Искра Џокиќ Кецап во рамките на неоадмнешниот Моден Викенд Скопје (Fashion Weekend Skopje) се претстави со дигиталната модна ревија IKIVERSE, прв ваков концепт на овој моден настан. Искра по релизираните студии на Accademia Italiana и Тоkyo University of the Arts, периодов работи како CLO 3D дизајнер и уметник, а за новиот проект IKIVERSE ни кажа:
-IKIVERSE е нешто ново, концепт кој за прв пат е претставен на Моден Викенд Скопје, а тоа е дигитална модна ревија, која е целосно подготвена во најсовремениот и одржлив софтвер за 3Д мода. За изработката на колецијата се употребени адаптибилни алатки во истата програма, што подразбира дека дизајните може да се преточат во носливи дизајни. Исто така, овој концепт отвара можности кон виртуелното ново, кое е сé повеќе тренд во светски рамки, како што е појавата на Metaverse и отвара простор за модните дизајнери да ги пласираат своите дизајни изработени на овој начин таму, како и на други платформи за дигитални дизајни. Виртуелното и дигиталното ново се на пат да ги прошират креативните видици, да ги поттикнат експериментите и со оглед на динамиката на развивање на технологиите да ги трансферираат во опипливи, физички модели. Наскоро и невозможното ќе стане возможно.
Погледнете го видеото од оваа дигитална ревија на Искра Џокиќ Кецап:
Нема коментари