Шведската компанија за мебел, ИКЕА, создаде линија со која сака даго привлече вниманието на хипстерите ширум светот. Брендот минатата недела во Бруклин ги претстави новите парчиња за наредната сезона, кои во продажба ќе се најдат во август. Станува збор за 51 нови модели направени од 20 различни артисти од цел свет. Станува збор за мултифункционелен мебел. Питер Клинкерт, кој е главен на проектот, вели дека идејата била да се создадат корисни парчиња мебел што ќе им се допаднат на младите урбани луѓе, кои постојано се во движење.
-При развивањето на проектот дискутиравме за тоа што им е важно на луѓето во денешно време. Повеќе од очигледно е дека младите луѓе ширум светот најмногу живеат во градовите. Тие се сместени во мали станови, бидејќи просторите за живеење во градовите стануваат сè поскапи. Затоа создадовме дизајни кои ќе имаат повеќе функции и нема да зафаќаат многу простор-вели Клинкерт.
Нема коментари