Група на студентни од Лунд и Ајндховен во соработка со компанијата во ИДЕО од Лондон развија интерактивна кујнска маса, со која одговорија на прашањето на брендот ИКЕА за тоа како ја замислуваат кујната во 2025 година, а проектот е претставен во рамките на привремен изложбен салон во Милано. Концептот се темели на интерактивна маса во која е интергрирана плотна за готвење, но и дел на кој се проектираат рецепти според тоа кои состојки ќе ги ставите на масата, а кои масата ги идентификува на база на видео камера и систем за препознавање.
Целиот проект, масата и останатите кујнски елементи замислени како интерактивен контролен центар, се темели на претпоставката на студентите дека во 2025 година во светот ќе има многу помалку енергија, затоа нудат комплетен еко-пристап. Потоа сметаат дека луѓето главно ќе живеат во мали станови во големи градови, па кујната ќе биде дел од дневната соба и работниот простор. Повеќето луѓе ќе работат од дома, ќе јадат помалку месо, но повеќе ќе рециклираат. ИКЕА кујната од иднината е место за готвење, за јадење, дружење, работење и игра, а сè е насочено на тоа корисниците при готвење да прават што е можно помалку отпад. Покрај мултифункционалната, интрактивна маса, во кујната од иднината има „видлив фрижидер“.
Па наместо хранта да ја чувате во еден затворен фрижидер, студентите и ИДЕО развија серија на отворени, индуктивни полици со индивидуални контејнери во кои ќе се складира расипливвата храна и секој контејнер се регулира посевно. На пример, месото и рибата се чуваат на поладна температира, додека за сирењето и млекото може помала. Празните контејнери се исклучуваат, за да не се троши енергија. Исто така се претпоставива дека во иднина нема да одиме на неделно купување и нема да складираме големи количини храна, туку ќе постои систем на достава и сите намирниците ќе бидат донесени дома за само неколку минути. Студентите што работеа на проектот се надеваат дека во иднина луѓето ќе живеат повеќе одржлив живот и сметаат дека овој дизајн може да им помогне тоа да се постигне.
Нема коментари