Културата на современото живеење бара одредување дел од нашето живеалиште за работно биро или мини канцеларија. Сè повеќе професиналци се одлучуваа за фриленс-ангажмани, повеќето работат од дома, особено оние од секторот на IT или работа на интернет. Новонастанатите ситуации повлекуваат потреба за дефиниран простор за работење во домашни услови. Организирањето и стилизирањето на работното катче не мора да значи скапа инвестиција, може да искористите стари парчиња мебел, некоја мала трпезариска маса што не ја користите повеќе или тоалетна масичка што ќе ја префарбате и освежите. Важно е бирото да го уредите со потребни полици и да го декорирате во ваш стил. Препорака е да бирате мебел во светол и неутрални тонови и секогаш да го одржувате работниот простор чист и уреден. Клучно е да создадете мирна и опуштена атмосфера, со што ќе бидете сконцентрирани само на работните задачи.
Нема коментари