Да, летото е период кога времето го поминуваме на отворено, на тераса или во двор, а за поголема лагодност и уживање овие простори ги претвораме во своевидни дневни соби. Кои посакувате да бидат со стил. А тоа значи дека не се доволни вашата бамбѕсна гарнитура или чадорот за заштита од сонце, туку треба да се потрудите малку повеќе во декорирањето и организарањето на отворениот простор со кој располагате. Украсете го дворот, терасата или покриената пергола со шарен килим во етно стил, пернички со принт, смислете начин како да се заштитите од сонцето (некогаш се доволни само неколку бели платна распнати да креираат сенка), наредете саксии со цвеќиња, свеќите и фенерите секогаш овзможуваат интересна атмосфера, а може и да одредите и уредите дел што ќе го користите како надворешна трпезарија.
Нема коментари