Кога вашето работно место дозволува полежерен деловен дрескод, може да се опуштите и да ги избегнете строгите костими и класични парчиња, но не премногу! Кежуал деловната облека не треба да биде прекежуал, сепак треба да биде пристојна, со доза на елеганција и никако не треба да се состои од тесни хеланки и тренерки. Еве неколку идеи деловен изглед со кежуал моменти.
Сако стегнато со ремен и во комбинација со „оксфорд“ чевли
Волуменозен блејзер со фармерки и чзими до глужд во стилот на 70-тите
Бели панталони и чевли на врзулање разиграни со шарено мантилче
Летна верзија составена мал бел фустан и кожени сандали
Безвременски шик со маица на пруги, беж мантил и ниски чевли
Комплет од здолниште и горен дел во комбинација со шпицести ниски чевли
Нема коментари