Во рустикален шик стил или модернистички минимализам, со чинии и чаши во боја или со класичен кристал и порцелан, масата за јадење е местото околу кое се собира целото семејство за вкусен божиќен или новогодишен оброк. И на масата ѝ треба дотерување и декорирање, во интензитет кој одговара на вашиот стил и кој може да се движи од свечени чаршафи, чинии и чаши, суви божиќни гранки и свеќи, но и симпатични интервенции со шишарки, тегли и чаши претворени во свеќници. Следниве фотографии не се само пример во кој стил да ја уредите масата, туку нуди и неколку мали, но ефектни идеи. На пример, земете шишарки, обоете ги со златна боја и нека послужат како украс или на нив ставете картички со имиња на гостите како показатале кој каде ќе седи на масата. Наместо на класички подметнувачи, топлата храна може да ја послужите на тенко исечени дврени трупчиња. Како украс на масата може да ви послужат лампиони наредени на долга чинија или тегли наполнети со разни мали декорации.
Нема коментари