Без разлика дали сте приврзанички на лежерната бохо мода или пак сакате нешто поотмено, ова лето тешко дека ќе може да им одолеете на кимоната. Во разни форми, должини и најчесто со цветен дезен се најдоа во колекциите за пролет-лето 2017 на достапните брендови за секојдневна облека.
Кимоното, заедно со кафтанот, е присутен во летните линии повеќе години, посебно во понудите за на одмор и за на плажа. Но, со враќање на лежерноста од 90-тите и 70-тите години, најдоа практична примена и во урбаните стајлинзи. Посебно популарно е комбинирањето со фармерки.
Ова лето покрај оваа несомнено идеална комбинација , може да се прилагодии со други варијанти, од кежуал, преку елегантни, романтични, па сè до свечени. Се навраќаме на најголемата инспирација за дневни комбинации-уличната мода.Трендсетерките во Париз, Милано, Лондон, Њујорк, Москва, Стокхолм, Копенхаген и Токио , за време на тамошните модни недели изминативе месеци преставија нови идеи како да се носи кимоното оваа сезона.
Покрај незадолжителните варијанти со џинс и маичка по кратки ракави,девојките што негуваат кежуал изглед кимоното може да го носат со црна основа-хеланки или панталони и спортско боди или маичка. Освен што совршено се прилепува на комбинации со долги широки панталони,сезонава долгото кимоно одлично одговара и со долги здолниша или фустани , слип модели , свилени или креации од тантела.
Еднаод најнудените и најносени варијанти е во комплет, налик на пижами, со долен дел со иста шара, или пак со панталони со цветен дезен, кој не мора да се поклопува со топот. Кимоното може да стане замена за мантилите, наметките и палтата, да го облечете врз копула, или отмена блуза. Исто така може да биде замена и за фустан или главен горед дел, Оваа комбинација се заокружува со високи потпетици, колан и соодветен накит. Иако повеќе е социјален, отколку моден предлог, но кимоното совршено изгледа кога го носите во друштво, со своите пријателки, колешки, сестри….
Нема коментари