Во духот на празничното предновогодишно расположение скопскиот концептуален бренд „Преплет“ претстави мини-линија со уникатни подароци. Со интересни пораки и цртежи креативките кои стојат за брендот, Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска, украсија разни додатоци за домот и работното место: чаши, слики, честитки…
-Секоја година целиме кон тоа да создадеме подароци кои ќе раскажуваат различна приказна и на тој начин секој кој што подарува ќе може да го пронајде најсоодветниот подарок за пријателот, родителот или саканиот. Оваа година креиравме неколку типови пакетчиња составени од повеќе производи, календари за престојната 2017, мини нотесчиња, постери и шолји со пораки за мечтаење и стимулирање на магичната атмосфера, подметачи, разгледници и уште многу други производи со кои може да се создаде совршената комбинација за подарок. Она што е ново оваа сезона е тоа што дел од производите ги имаме и со англиски пораки за да можеме да подаруваме и да подаруваат нашите пријатели во странство. Секогаш се грижиме подароците купени од кај нас да бидат убаво и креативно спакувани, па затоа мотото за оваа година ни е: „Опружете ја елката со куп оптимизам, баш онака како што треба“-велат од „Преплет“.
Вратите на „Преплет“ се отворени секој работен ден од 11:00 до 18:00, а сабота до 16:00 и ги очекуваат сите кои што сакаат да подаруваат со мерак.(А.Н.)
Нема коментари