Дизајнерот Хусеин Чалајан на Париската модна недела ја прикажа новата колекција за пролет-лето 2016 и во своето модно шоу вклучи тушеви на пистата под чиј млаз на вода облеката едноставно се раствори. Чајалан постојано фасцинира со идеите и перформансите на сцена, често се занимава со природата на ткаенините и своевремено ја закопуваше облеката во земја за да истражи како таа се распаѓа. Сега се заинтерисира за концептот на растворлива облека и на пистата испрати две манекенки облечени во бели креации кои дел по дел се топат под воден млаз. Како водата тече врз нив, така дел од материјалот се распаѓа како парчиња ткиво и на крајот се откриваат сосема нови креации.
Water soluble fashion at Chalayan. C’est genial!!! Beyond!!! @chalayanstudio
A video posted by Bryanboy (@bryanboycom) on
Нема коментари