Светски познатата модна дизајнерка Роксанда Илинчиќ по 13 години повторно на модна ревија во родниот Белград, ексклузивна и хуманитарна која што се одржа во петокот (24 јуни) во Белиот двор во организација на Фондацијата на принцезата Катарина и на модната агенција „Клик“ деновиве која слави 25-годишен јубилеј. Роксанда ја претстави колекцијата за есен-зима 2016/17, прикажана претходно на Лондонската модна недела, а на хуманитарниот настан во Белиот двор на кој присуствуваа голем број на познати личности од културниот и јавниот живот на градот собрани се средства наменети за одделениот за палијативна нега за деца болни од рак. Колекцијата што ја виде белградската публика е инспирирана од култинот филм „Ноќен портир“ со Шарлот Ремплинг и од фотографиите на Дебора Турбевил, и во која Роксанда креираше софистицирана и во исто време даркерско-романтична силуета. Употребени се свила, крзно и антилоп кожа, а во палетата на бои доминираат бордо како бургунди вино, темно сина, тиркизна и боја на карамела.
Србинката Роксанда која со години живее и успешно работи во Лондон, последната ревија во Белград ја имаше во 2003 година, па српската публика со нетрпение го дочека нејзинито доаѓање. Дизајнерката со светска слава ја сметаат за миленичка на британскиот џетсет, а нејзините креации обожаваат да носат Кејт Мидлтон (Војвотката од Кембриџ) и сопругара на британскиот премиер, Саманта Камерон. Роксанда во Белград студирала напоредно архитектура и применета уметност, по што се запишала на магистерски студии на Сент Мартинс во Лондон каде што ѝ предавала познатата професорка Луис Вилсон. Откако магистрирала дизајн на женска облека, својата модна етикета почнала да ја развива во Лондон и за кратко време се проби во врвот на модната елита. Има добиено повеќе награди (Red Carpet Award на Британските модни награди 2012, бизнисменка на годината според Harper’s Bazaar UK 2014, дизајнер за црвен килим според Elle Style Awards 2013…), а нејзината облека ја носат Мишел Обама, Гвинет Палтроу, Кејт Бланшет, Тилда Свинтон, Кира Најтли, Кери Малиген, Лејди Гага, Џесика Алба, Рошин Марфи… (K.T.)
Нема коментари