Магазинот „Портрет“ заедно со македонските спортски ѕвезди подготвуваат хуманитарна аукција за семејствата погодени од поплавата
Еве што стои во нивното соопштение:
Постојат моменти кога заедништвото со поголем интензитет носи барем малку среќа во очите на другите, оние кои се со страшна приказна, која во секунда го сменила нивниот живот. Тука сме заедно да придонесеме за оние на кои најмногу им е потребно внимание и доза на надеж за подобар живот.
Токму поради тоа, кај нас се кристализираше идејата да се вклучиме во собирањето на помош за погодените од поплавата, заедно со македонските спортисти да дадеме поддршка за одигрување на најважниот „меч” за нашите поддржувачи. По тој повод, Портрет Магазин заедно со македонските спортисти организира хуманитарна аукција на дресови од македонските спортисти: Перо Антиќ, Кире Лазаров, Дејан Манасков, Борко Ристовски, Филип Талески, Јован Костовски, Владо Илиевски, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Војдан Стојановски, Столе Стоилов, Наумче Мојсовски, Пепи Манасков, Горан Пандев, Александар Васовски, Влатко Гроздановски и Бобан Грнчаров.
Хуманитарната аукција на дресови од македонските спортски ѕвезди ќе се одржи утре, 16.08.2016 (вторник), во Јавна соба со почеток од 17.00 часот.
За подобра мотивација, исто како на терените, музички придонес на грамофони ќе даде Ненад Стефаноски (Foolish Green)
Покрај средствата собрани од акукцијата, дополнително ќе се собираат и парични донации во кутии, поставени на самото место. Сите средства ќе бидат донирани директно на семејствата погодени од поплавата.
За сите информации следете го нашиот facebook настан: https://www.facebook.com/events/1732878366961977/?notif_t=event_aggregate¬if_id=1471248007272682
Нема коментари