Една модна соработка ги собра познатите британски дизајнери и познати личност со намера да соберат средства наменети за помош на децата. Иницирана од хуманитарната фондација Save the Children и од компанијата Matches Fashion, која продава дизајнерска мода онлајн и има свои луксузни продавници, направија заеднички проект на џемпери наменети за божиќните денови. Се работи за неколку вида џемпери со пет различни дизајни, кои ќе се продаваат по цена од околу 100 фунти, а целиот приход е наменет за Save the Childen. На проектот работеа пет познати дизајнери – Кристофер Кејн, Џајлс Дикон, Хенри Холанд, Бела Фројд и Шарлот Олимпија, а во промовирањето се вклучија Кејт Мос и Попи Делевињ.
Нема коментари