Познатиот дизајнер на чевли и модни додатоци Кристијан Лубутан во соработка со француската хуманитарна организација La Maison Roseја создаде чантата Africaba, богата со егзотични бои и африкански принтови. Рачките на чантата се украсени со традиционални везови, шарени мониста и предети кои потсетуваат на шилестите потпетици на Лубутан чевлите. Дел од средставата од продажбата на оваа чанта, преку La Maison Rose, ќе бидат пренаменети како помош за децата и жените од Сенегал.
Нема коментари