Креативното студио „Преплет“ викендов го организира хуманитарниот караван „Неочекувана пошта, незаборавна среќа“
Можете ли да се сетите кога последен пат сте испратиле новогодишна честитка по пошта? Можеби на тоа нема да се сетите, но сигурно ќе ви текне на среќата кога ќе го отворите сандачето и ќе видите нешто адресирано до вас, а тоа не е сметка.
По повод новогодишните празници „Преплет“ организира караван за продажба на честитки со цел да го вратат во мода испраќањето по пошта и во исто време да се соберат соберат хуманитарни средства за децата без родители. Сè што треба да наравите е овој викенд, на 23 и 24 декември да го посетите новогишниот караван “Неочекувана пошта, незаборавна среќа” на „Преплет“ за масовно испраќање на честитки на некоја од четирите локации, да купите честитки, да ги пополните со најубави желби, да ги адресирате до оние што сакате да ги израдувате и да ги оставите во џиновското сандаче на „Преплет“. Понатаму „Преплет“ ќе се погрижи за нивното испраќање по пошта, а со секоја купена честитка ќе донирате за децата без родители од домот „11 Октомври”.
„Ајде да го вратиме во мода праќањето на честитки по пошта и да ги изненадиме нашите најблиски со некоја убава порака на македонски и на кирилица, и истовремено да донираме средства за децата без родители“ – порачуваат од „Преплет“.
Новогодишниот караван „Неочекувана пошта, незаборавна среќа” за масовно испраќање на честитки ќе се случува на 4 локации:
Skopje City Mall – сабота 10:00 – 20:00, 3-ти кат
Public Room – сабота 21:00 – 24:00
Capitol Mall – недела 10:00 – 18:00, 2-ти кат
Che Café Bar – недела 21:00 – 24:00
Нема коментари