Вчерашниот хуманитарен настан на Наталија Водјанова и нејзината фондација Naked Heart, кој се одржа во Лондон веднаш по доделувањето на модните награди на британски Elle, манекенката го водеше заедно со колешката, американската супемоделка Карли Клос. Замислен како прекрасен саем, наречен The World’s First Fabulous Fair Fund, гостите имаа можност да се забавуваат и да се натпреваруваат како на „вашар“, во игри како на пример „Олимпијада на високи потпетици на Кристијан Лубутан“, и при тоа да донираат средсва за фондацијата на Водјанова. Покрај домаќинките Наталија и Карли, присутни беа повеќе манекенки, Кара Делевињ и Џордан Дан, потоа Ели Гулдинг, Даша Жукова, Стела Макартни, Улијана Сергеенко и други.
Пред да стане светски супермодел, Наталија Водјанова растеше во сиромашно семејство во Нижни Новгород и како што вели урбаната легенда, со мајка и’ продаваше овошје на улица. Нејзината убавина и’ ја обезбеди професијата на манекенка, брзо го вооодушеви светот и стана супермодел, заработи многу пари и во меѓувреме се венча со британски аристократ, а денес е во сериозна врска со еден од најбогатите Французи, Антоан Арно од LVMH. Денес Наталија има многу пари, но не забори од каде потекнува и сфати дека со својот статус може многу да допринесе за децата во родната Русија. Ја основа фондацијата Naked Heart и преку неа собира средства за разни потреби и проекти, како градење градење на игралишта, така и грижа за деца со специјални потреби.
Нема коментари