Светот на музиката ги содржи правилните состојки за софистициран и лежерен начин на облекување. Hugo Boss ја гради последната колекција околу оваа инспирација во која формалниот се комбинира со реласкираниот стил на урбана средина.Од половично обрабени до тесно кроени палта – облеката сезонава наоѓа баланс помеѓу строгото и лежерното.
Кроевите се силната страна на BOSS, па така и во оваа колекција може да се најдат перфектно скроени одела, а новитет седеконструираните јакни за лежерен, секојдневен изглед.BOSS се надоврзува на оваа идеја со свеж стајлинг – едноставна маица во комбинација со костум го прави изгледот порелаксиран, а застапенисе азурно сината боја комбинирана со пригушено бела.
Квадратните форми се среќаваат во горниот дел на облеката, постепено стеснувајќи се во делот на панталоните. Впечатливи парчиња за сезоната се идвобојните кратки мантили, кожни колеџ јакни, како и поло маици од лесен памук. Пепито, дезен во форма на рибина коска и ригитесе доста застапени и го прават остриот изглед неочекувано разигран.
Карактеристиката по која BOSS-мажот најмногу се разликува од останатите е неговата љубов кон извонредни мокасини, направени од антилопска кожасо дополнителен ефект на стара патина.
Богатите, необични комбинации на бои – фламинго розова кошула со панталони во песочна боја и арт деко сина во комбинација со кафена бојавнесуваат нов ритам во светот на BOSS.
Американските филмски класици од 50-тите, 70-тите и 80-тите години, каде што главна тема е патувањето, се инспирација за новата колекција и кампања на BOSS Orange за пролет-лето 2015. Со ефект на замагленост и прав присутна на фотографиите, колекцијата има за цел да ja модернизира и урбанизира оваа тема на колекцијата, комбинирајќивинтиџ елементи и придавајќи им ублажена острина. Време е да почнете да патувате со стил.
BOSS Green за пролет-лето 2015 ги комбинира архитектурата и модерните органски форми во спортска, но трендовски актуелна колекција со свежи и силни бои кои ќе Ве внесат во тропско летно расположение. Колекцијата вклучува облека која се карактеризира со едноставна, лежерна елеганција, изразувајќи чувство на слобода за време на топлите сончеви летни денови.
Нема коментари