Христијан Младеновски деновиве ги финишира своите студии на Факултетот за арт и дизајн на Европски универзитет и се здоби со титулата дипломиран моден дизајнер, веднаш потоа ја претстави новата колекција „Патеки“ (Trails), во која централна инспирација е треш-панк естетиката.
-Формите застапени во колекцијата црпат инспрација од различен вид елементи кои се застапени на еден автопат. Овие елементи најочигледно вклучуваат работи како гуми, кои се во согласност со насловот на колекцијата. Меѓутоа, застапените елементи ја вклучуваат и деликатноста на цвеќињата, како и грозоморноста и морничавоста на лешеви кои можат да бидат најдени по пат. Инаку, колекцијата ‘Trails’ е направена од zero waste материјали кои се стекнати на органски (односно, позајмени или најдени) начин – објаснува Младеновски.
Во поглед на концептот позади оваа колекција, парчињата во колекцијата застапуваат траги од гуми, меѓутоа и еден вид на помалку очигледни траги кои можат да бидат најдени на самото човечко тело.
-И во двата случаи, трагите во прашање биле нанесени од стран предмет. Во случајот на автопат, страниор објект може да бил автомобил или камион. Од друга страна, во случајот на луѓе, страниот објект може да е вистински физички објект кој нанесува траума, односно го ранува човечкото тело, како нож. Алтернативно, може да се работи за психолошки траг, нанесен од сакана личност која ни предизвикала емотивно непрјатен настан (на пример раскид на врска, предавство или загуба). Понатаму, користењето на црната боја ги симболизира гореспомнатите гуми од камиони. Употребата на портокаловата боја ги симболизира човечките трагови (прмер, физички или психолошки рани на телото или кожата). Колекцијата ‘Trails’ е pret a porter или меѓусезонска колекција – зборува дизајнерот за колекцијата.
Фотографија: @sokolovski_stefan @badstef/ Модели: @viktorijaristovska_ @jovanagjo @martinamihajlovska @xristijan.m @gerlekk_ @nikolinapavlovska/ Шминка: @_annacat.mua__ /
Нема коментари