Една од најугледните нутриционистки во светот, Џесика Крешчензи открива што точно треба да јадете за да имате чиста кожа без акни и мозолчиња. Крешчензи, основачка на Beauty Guru NYC ценатрот чии клиенти се богатите и славните девојки кои не треба да штедат на негата на кожата, открива дека скапата козметика и третманите помогне кога станува збор за мозолчиња и други неправилности на кожата, но основата за здрава кожа е во исхраната. Дознавме која група на храна и на хранливи материи таа ги предлага за да се ослободите од мозолчиња и да ја одржувате кожата убава и младешка. И знаете што, воопшто не е комплицирано, ниту скапо.
1. Храна за зајакнување и затегнување на кожата
Омега-3 масните киселини не само што ќе ви помогнат да се ослободите од несовршеностите на кожата, туку јаовлажнува, па таа ќе остане мазна, затегната и без брчки. Јадете многу сардини, чиа семки, ленено семе и ореви за да обезбедите соодветна доза на овие киселини за убавината.
2. Храна за стимулирање на колаген
Најдобар начин да се поттикне производството на колаген кој ќе ја одржува вашата кожа здрава и млада е преку внесот на витамин Ц. Овој моќен антиоксиданс може да го најдете во пиперка, јагоди, цитрусно овошје и во брокула.
3. Храна за чистење на кожата
Витамините А и Е ќе ги зголемат отпорноста и имунитетот на вашата кожа која поуспешно ќе се бори со сите предизвици. Внесувајте ги преку здраво масло, тиква, слатки компири, моркови и диња.
4. Храна за циркулацијата на кожата
Добро циркулираната кожа добива повеќе хранливи материи и кислород, а со тоа станува поздрава и помладешка. Многу антиоксиданси, освен во овошјето и зеленчукот има и во зачините, особено во куркумата. Ако не ви се допаѓа вкусот, земајте го преку суплемент.
Нема коментари