Одредени клетки на природниот одбранбен механизам содржат многу витамин Ц, што им помага во одбраната на организмот од надворешни причинители на болест. Сепак, залихите на овој витамин треба да се надополнуваат секојдневно. Затоа е најдобро денот да го почнете со појадок богат со витамин Ц и да јадете што е можно повеќе овошје. Тоа можат да бидат овошни салати, фрапеа, или свежо исцеден сок од портокал, грејпфрут, лимон или мандарина, а со витамин Ц изобилува и кивито. Важно е да јаде овошјето веднаш штом ќе се излупи, бидејќи витаминот Ц е многу чувствителен во контакт со воздух. Исеченото овошје после 30 минути губи 40% од оваа корисна материја. Ако се препорачува појадокот да се базира на овошје, ручекот и вечерата треба да бидат богати со: Витамин Е – го има во маслиново масло, лешници, бадеми и зелена салата Цинк – го има во обезмастено млеко и морска храна Каротеноиди – овие супстанции се наоѓаат во жолто-портокалов(моркови и тикви) и зелен зеленчук (спанаќ и брокула) Селен – најмногу го има во риба, бело и црвено месо, и во житарки Бакар – го содржат лешниците, мешунките, го има и во пилешко месо, риба и житарки Се препорачува, на пример, салата со леблебии, школки и брокула, филети од лосос зачинети со масло и лимон, а како прилог варен морков или рижото со тиква. Ако сакате посилни зачини, лутата пиперка е многу богата со витамин Ц, но додавајте ја на крај, бидејќи витаминот се распаѓа текот на готвењето.
Нема коментари