Во последниве години бутик-хотелите се ултимативен хит меѓу вљубениците на модата и оние што сакаат да патуваат со стил, Margot House Boutique Hotel во Барселона е едно такво место. Сместен во центарот на овој шпански град, на еден од главните булевари Passeig de Gràcia, во близина на иконичната Ametller House и подеднакво импресивната Casа Batlló, овој бутик-хотел со едноставен и современ дизајн е инспириран од ликот на Марго Тененбаум од култниот филм Royal Tenenbaums на Вес Андерсон.
Според желбата на основачите на хотелот, таткото и ќерката Сандра и Серхио Дурани, дел од енергијата и рафинираниот персоналитет на Марго, која во филмот ја глуми Гвинет Палтроу, е вградена во името и дизајнот на Margot House. Хотелот има само 9 соби, и може да прими најмногу 18 гости во исто време, што допринесува за доза на ексклузивитет. Заедничките простории содржат кујна со отворен систем, фоаје, honesty bar и дел за дружење, уредени во релаксирачки, неутрални тонови, бетонски и површини од светло дрзо, бели ѕидови, а декорот е микс на јапонски и скандинавски дизајн влијанија.
Нема коментари