Беспрекорен модернистичко-рустикален декор, луксузни вили, прекрасна природа и можност за интимен и романтичен одмор ви нуди хотелскиот комплекс „Аман“ сместен на црногорскиот остров Свети Стефан. Токму овде вечерва ќе се случи долгонајавуваната венчавка на светскиот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ со неговата Јелена Ристиќ. Од мало рибараско село во 15 век до луксузен туристички комплекс, ова волшебно место на Јадранското море има едиствена историја. Во вилите на островот Свети Стефан своевремено одседнуваше југословенската елита, но и ѕвезди како Софија Лорен, Елизабет Тејлор и Ричард Бартон. Од 2008 години управувањето на вилите го презеде корпорацијата „Аман Ресортс“ и комплетно го реновира комплексот без да ја наруша познатата сценографија на островот. Денес „Аман“ е најлуксузниот бутик-хотел во Црна Гора, со 50 вили уредени во рустикален, но сепак луксузен стил. Во склоп на туристичкиот комплекс има и елегантна вила со осум апартмани, неколку базени, плажи со модерно уредени кафулиња, спа центар, студио за пилатес, павилјон за јога, библиотека, ресторани, мал проштад и повеќе тераси уредени за релаксирање.
Нема коментари