Кралицата Максима се појави на музички симпозиум во Амстердам и покажа како се носи масивен, цветен, таканаречен statement ѓердан на модерен начин, барем кога се кралските членови во прашање. Имено, во однос на стилот повеќе жени од кралските семејства носат базични, класични парчиња, но Максима и уште неколку модерни кралици и принцези не се плашат да облечат нешто невообичаено за протоколот. Така Mаксима за вчерашниот настан избра малку рискантен, огромен ѓердан кој прилекува внимание и кој може да изледа кичесто ако е лошо комбиниран, но за да го смири целиот изглед, кралицата го стилизирала со беж чевли и чанта, и со облека со едноставен крој и во неутрални тонови. Кралицата често применува ваков стил, повеќе пати во понеформални средби е забележана со крупни ѓердани со интересен дизајн.
Нема коментари