Новата тексас јакна H&M е дизајнирана да дава прегратки без допир благодарение на сензорите на рамената
Прегратките се една од работите што најмногу ни недостасуваат за време на долгиот карантин. Решение за прегратки и физички допир во време на социлајно дистанцирање нуди лабораторијата за иновации ан H&M во Берлин, која што работеше на јакна со сензори што на оној кој има облечено му дава чувство како да се гушка. Во партнерство со стартап компанијата за нослива технологија Boltware, H&M LAB создаде тексас јакна со флексибилни сензори вградени во делот на рамената, што на носителот му симулира чувство на допир и прегратка со активација преку Bluetooth.
Секоја јакна има код за регистрација што корисникот може да го сподели со кого сака и се користи за активирање на сензорите преку апликација. На апликацијата креирате профил и како на социјалните мрежи формирате круг на пријатели. Постојат различни видови на „прегратки“ кои што ги испраќате преку индивидуален контакт со оној што го барате за комуникација.
Јакната за која станува збор е наречена Wearable Love, што значи „нослива љубов“, и иако сè уште не е на продажба, H&M го сподели следново видео откривајќи го предложениот продукт:
Нема коментари