Слободни, природни, бестрашни, независни и забавни. Жените се дами и кога не носат високи потпетици, шминка, здолништа, накит и наместена фризура. Тие се убави такви какви што се, самостојни и храбри, во секоја доба од животот и секој облик. Актерката Лорен Хатон, транс-глумицата Хери Неф, моделот Адвоа Абоа, креативната директорка на Design Army- Пам Лефевр, боксерката Фатима Пинто, пејачката Џилијан Харви од Lion Babe и други, познати и анонимни девојки и жени се дел одновата кампања на H&M. Шведскиот бренд ја слави женската убавина во сите облици во новото динамично и забавно видео, пропратено со култната песна на Том Џонс-She’s a Lady, изведена од Lion Babe.
Нема коментари