#СедиДома и #СмислувајСтајлинзи
Кој ја глeдал серијата Killing Eve ќе се потсетат на највпечатливиот изглед на една од главните хероини Виланел – розов фустан од тул, креација на Моли Годард, во комбинација со познат модел на чизми на Баленсијага. Розовиот фустан за кратко време доби свои верзии, беше инспирација за маскирање за Денот на вештерките, а еве една интерпретација на H&M која што можете да ја најдете во новата трудничка колекција на брендот.

Актерката Џоди Комер како Виланел во Killing Eve и моделот на розов фустан на H&M инспириран од познатиот изглед на Виланел во серијата
Понатаму во пролетната колекција за трудници H&M предлага неколку трендови прилагодени на силуетата на бремените жени. Преовладуваат лелеави фустани и модели кои се сечени под градите, како и кежуал макси здолништа и широки комбинезони.
Нема коментари