Во пресрет на божиќната и новогодишна празнична сезона модниот бренд H&M ја претстави новата капсулна колекција од линијата H&M Studio во која ја редефинира вечерната облека со заводлива фузија и одржлив гламур. Колекцијата се издвојува со своите грациозни силуети изработени во сензуални ткаенини како свила и чипка, а содржи и модели со корсети, фустани со тул и добро скроени костими.
-Безвременското облекување и трајното чувство на софистицираност ја дефинира H&M Studio Holiday капсулната колекција. Сакавме да си поиграме со корсетите, но и да ги ревитализираме омилените стилови, како што е слип-фустанот и скулптурниот блејзер, сето тоа во издржливи ткаенини кои прекрасно стареат и ќе воодушевуваат и возбудуваат во годините што доаѓаат вели – Ен-Софи Јохансон, шеф на женска облека за дизајн и креативен советник во H&M.
Нема коментари