Шведскиот моден гигант H & M својата Studio колекција за пролет-лето 2019 ја претстави преку нов концепт. Брендот својата полуксузна линија во последните години ја откриваше на модна ревија на Париската модна недела, но за новата колекција The Glam Explorer пистата одлучи да ја замени со пустината и фотосесија во таков амбиент. За локација е избран пустинскиот град Седона во Аризона, моделите ги носи манекенката Ана Еверс, а фотографира Лахлан Бејли.
-Колекцијата H & M Studio SS19 е посветена на гламурозниот, авантуристичкиот дух: дизајнираме за жената која не сака да биде ограничена со ништо. Можеби една вечер таа ќе отиде на забава облечена во здолниште со светки, но следното утро ќе стане рано и ќе замине на јога во хеланки со металик линии. Среќни сме што можеме колекцијата да ја прикажеме во Седона и да го канализираме духот на гламурозна авантуристка кој е вметнат во облеката – вели Пернила Волфарт, главен дизајнер на H & М.
Брендот исто така ќе организира тридневен настан за инфлуенсерки во Седона, а приказната за колекцијата ќе се следи на #HMStudio.
Колекцијата е богат микс на висок гламур и природата во својот најдив облик, и е инспиррана од филмот Le Sauvage (1975) со Кетрин Денев како невеста бегалка на тропски остров. Клучни парчиња на колекцијата се моделите со принт на зебра, мантилите и костимите во беж боја, вечерните светкави здолништа и комбинезони, фустаните со живописни бои инспирирани од минералите од езерцата во Јута.
Нема коментари