Модниот бренд H&M размислува за потребите сите жени во сите величини и се обидува да го задоволи вкусот и на оние кои имаат нагласени облини и носат облека со конфекциски броеви поголеми од XL. Брендот за оваа сезона претстави широк избор на фустани кои ги следат модните трендови, а се скроени и во броеви над 50 и дури некои модели се со конфекциски број 60. Моделите се тренди, од плетиво, со привлечен принт и со кроеви кои не се вреќести, туку ја слават женската силуета во сите форми. Фустани кои најмногу ѝ ласкаат на жените се оние со креирани со преклоп. За инспирација, еве неколку плус-сајз модели на фустани.
Нема коментари