Наместо на модна ревија во склоп на Париската модна недела како што практикуваше во последните години, брендот H&M одлучи новата Studio колекција за пролет-лето 2019 да ја претстави преку фотосесија и на настан за претставниците на медумите и модните амбасадори во американскиот пустински град Седона, Аризона. Гостите учетствуваа во фантастичната приказна со осмислено сценарио кое се темели на гламурозната муза од колекцијата наречена ‘The Glam Explorer’, а уживаа и во изведбите во имерзивниот театар поставен за настанот.
Следеа акустични концерти, претствата со синхронизирано пливање, фиктивно кампирање, акробации со велосипеди, танцова изведба, вечерен концерт… Посетителите можеа да го следат целото доживување и да учествуваат во него преку разни интерактивни активности на социјалните мрежи означени со #HMStudio.
Целта на креативците од H&M е наместо класичниот моден модел, да применат поинаков концепт употребувајќи го форматот на имерзивен театар и креирајќи наратив преку кој посетителите ќе дожиеваат уникано искуство и ќе ја запознаат новата колекција на најдобар начин.
Нема коментари