Популарниот шведски бренд за секојдневна облека H&M го прогласи креаторот на машка облека Зимон Ли за најдобар на Дизајнерските награди во рамки на Модната недела во Стокхолм. Дваесет и четиригодишниот дипломец на „Парсон“, кој важи за еден од најголемите таленти на њујоршката модна сцена, е првиот дизајнер на машка облека што ја добива оваа награда. Тој ќе добие наградата вредна 50 илијади фунти и можност за развој и пласман на неговата колекција во салоните и онлајн продавниците на H&M оваа есен.
Зимон беше селектиран од интернационално жири кое го сочинуваа познати личности како поп-ѕвездата Лили Ален, модната директорка на Vogue, Лусинда Чемберс и фотографот Томи Тон во Лондон.
-Мислам дека тој е целосно реализиран дизајнер. Поседува сè што треба, неговите истражувања беа прекрасни, развојот на материјалите е одличен и неговиот дизајн е добар – изјави Луела Бартли, дизајн-директорка на Marc by Marc Jacobs, која исто така беше дел од жирото.
Зимон Ли, кој пораснал во Хонг Конг, во своите дизајни влече иснпирација од сликите и искуствата стекнати за време на своето детство.
Нема коментари