Брендот H&M во новата колекција го реинтерпретира мантилот и нè потсетува дека овој моден класик секоја пролет е задолжително парче во женската (секако и во машката) гардероба. Со класичен изглед или секоја сезона во одреден модернизиран стил, мантилот одлично се вклопува во пролетниот изглед. Најбарани се мантилите во беж, но ќе го најдете и во друга боја. Класичниот изглед воведен децении наназад од „Барбери“ секогаш поминува, но периодов ќе носиме и мантили со флуидна силуета или со поедноставен крој.
Нема коментари